currencies connected in 3d rendered abstractНа меѓународните валутни пазари минатата недела доларот благо зајакна, по остриот пад неделата пред тоа, но се повеќе од јасно е дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки пред почетокот на летото.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,7 проценти на 107,10 јени. Американската валута зајакна во однос на еврото за 0,4 проценти на 1,1405 $. Еврото во однос на јапонската валута зајакна за 0,3 проценти, на 122,15 јени.

Во понеделникот девизниот курс на доларот, за прв пат по 18 месеци, падна под нивото од 106 јени. Јенот, кој инвеститорите традиционално го користат како засолниште за капиталот во нестабилни времиња,  во изминатите шест месеци зајакна за повеќе од 15 проценти во однос на доларот, како резултат на превирањата на пазарот и поради неостварувањето на очекувањата на инвеститорите за постепено зголемување на каматните стапки во САД.

Поради зајакнувањето на јенот, што не оди во прилог на јапонската економија, премиерот Шинзо Абе во средата рече дека Јапонија го следи курсот на јенот и ќе дејствува доколку е потребно.

Можноста за интервенција на јапонските власти на девизните пазари го олесни притисокот врз американската валута, па кон средината на неделата доларот благо закрепна.

Но краткорочно не се очекува значителен пораст, бидејќи се повеќе и повеќе е јасно дека ФЕД пред почетокот на летото нема да ги зголеми каматните стапки поради забавувањето на растот на американската економија.

Во САД во април се отворија 166.000 нови работни места, најмалку во последните седум месеци, а значително помалку од очекуваните 200.000. Поради слабеењето на позитивните трендови на пазарот на трудот аналитичарите не очекуваат ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки пред почетокот на летото, можеби во септември.

Еврото, пак, ослабна во однос на американската валута, бидејќи растот на економијата на еврозоната е слаб, поради што Европската комисија минатата недела ја намали својата прогноза за раст.от

А тоа значи дека доколку економскиот раст забавува и понатаму, а дефлациските ризици зајакнат, ЕЦБ би можела повторно да ја ублажи монетарната политика.