valute-euro-dollaro-sterlinaНа меѓународните валутни пазари минатата недела доларот нагло падна по пораката на претседателката на ФЕД Janet Yellen дека треба да се биде внимателен во однос на зголемувањето на каматната стапка.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела падна за 1,2 проценти, на 111,65 јени. Еврото во однос на доларот зајакна за 2 проценти на 1,1390 $, а во еден момент достигна и 1,1437 $ највисоко ниво по повеќе од пет месеци. Еврото зајакна и во однос на јенот за 0,8 проценти на 127,25 јени.

Американската валута е под притисок од вторникот кога претседателката на ФЕД Janet Yellen порача дека треба да се биде внимателен во врска со зголемувањето на каматните стапки, бидејќи се уште постојат глобални ризици, вклучувајќи ја неизвесноста во однос на растот на кинеската економија и ниските цени на нафтата.

После нејзината изјава инвеститорите заклучија дека нема да има зголемување на каматните стапки во април, како што неодамна сугерираа некои од челниците на ФЕД, но можеби во јуни.