global-currencyНа меѓународните валутни пазари минатата недела доларот ослабе, бидејќи спласнаа шпекулациите во врска со зголемувањето на каматните стапки од страна на ФЕД.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела ослабе за 0,2 проценти на 113,75 јени. Американската валута ослабе и во однос на еврото, па цената на еврото се зголеми за 0,6 проценти на 1,1005 $. Еврото зајакна во однос на јенот за 0,5 проценти на 125,20 ¥.

Поголемиот дел од неделата доларот зајакнуваше во однос на европската и јапонската валута, бидејќи знаците за забрзување на растот на американската економија, по успорувањето во последниот квартал од минатата година, ги охрабрија шпекулациите во врска со зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД.

Сепак, придобивките доларот ги загуби во петокот кога беше објавено дека во февруари во САД бројот на вработени се зголемил за 242,000, многу повеќе од очекуваните 190.000.

Тоа укажува на забрзување на растот во најголемата економија во светот, но без јакнење на инфлација, со оглед на тоа дека податоците покажуваат намалување на сатницата.

Притоа никој не очекува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште во март, но постои можност тоа да се случи во јуни.

Од друга страна, следната недела се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) дополнително да ја олабави монетарната политика, со оглед на слабоста на економијата и ризиците од дефлација во еврозоната.