svetski valutiНа меѓународните валутни пазари доларот ослабе трета последователна недела, како резултат на пораката дека ФЕД нема да брзаат со зголемувањето на каматните стапки.

Доларот во однос на јапонската валута минатата недела ослабе за 2 проценти на 111,55 јени, а во еден момент падна на само 110,67 јени, што е најниско ниво во последните 17 месеци. Еврото во однос на јенот ослабе за 1 процент на 125,70 јени.

Доларот ослабе и во однос на еврото за 1 процент, на 1,1270 $, а во еден момент достигна и 1,1342 $ најниско ниво во последните пет недели.

Падот на долар е резултат на пораката на челникот на ФЕД по дводневната седница дека ќе забави темпото на зголемување на каматната стапка на оваа година.

Кога во декември за прв пат од 2006 година се зголеми основната каматна стапка, лидерите на ФЕД најавија дека оваа година каматните стапки ќе се зголемат на четири наврати, вкупно за еден процентен поен.

Но, сега тие порачуваат дека каматните стапки може да се зголемат само два пати вкупно за четвртина процентен поен.

Тоа е причината зошто доларот ослабе, па неговиот индекс, што ја покажува вредноста на доларот кон шестте главни светски валути, минатата недела падна трета последователна недела за околу 1 процент, а во еден момент падна на 94,578 поени, што е најниско ниво во последните пет месеци.

Слабеењето на американската валута е предизвик за Европската централна банка (ЕЦБ). На последната седница ЕЦБ најави дарежлив пакет на стимулации во надеж за благо слабеење на еврото и поттикнување на зајакнувањето на инфлацијата.

Сепак, еврото последната недела зајакна во однос на доларот, што не оди во прилог на големите европски компании кои се извозно ориентирани.