dollarНа меѓународните валутни пазари минатата недела доларот зајакна, трета недела по ред, по серијата пораки на челниците на ФЕД дека зголемувањето на каматните стапки е можно порано отколку што се очекува на пазарот.

Доларот во однос на јапонската валута минатата недела се зголеми за 1,4 проценти на 110,15 ¥, а во еден момент достигна и 110,58 ¥, највисоко ниво од крајот на април.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се намали за 0,8 проценти на 1,1225 $, а во еден момент паднал и на 1,1180 $, што најниско ниво во последните седум недели.

Еврото зајакна во однос на јапонската валута за 0,6 проценти на 123,60 јени.

Јакнењето на доларот во однос на сите големи светски валути е последица на пораката од Банката на федерални резерви ФЕД дека зголемување на каматните стапки е можно за неколку месеци.

Записникот од последната средба на ФЕД покажа дека голем број од нејзините официјални лица веруваат дека каматните стапки може да се зголемат уште во јуни, доколку податоците покажува дека економскиот раст во вториот квартал забрзува, а инфлацијата се движи кон целното ниво од 2 проценти.

Сите најнови податоци укажуваат токму дека инфлацијата постепено се зголемува и дека најголема економија во светот се опоравува по успорувањето на растот во првиот квартал.