stock-footage-globe-and-graphs-blue-stock-market-loopable-background43237ca5750e648bb74cff00002763a0На меѓународните девизните пазари минатата недела поради падот на цените на акциите на светските берзи зајакна јапонскиот јен, додека поради остриот пад на цените на нафтата под притисок се валутите на големите извозници на нафта.

Девизниот курс на еврото во однос на американската валута ослабе 0,1 проценти, на 1,0915 $. Доларот ослабе во однос на јапонската валута, за 0,3 проценти, на 117,00 ¥. И еврото ослабе во однос на јенот за 0,4 проценти, на 127,70 ¥. Подемот на јенот е благодарение на нејзиниот статус на засолниште за капиталот во несигурни времиња.

Минатата недела на Wall Street цените на акциите драстично паднаа, па во првите две недели Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq индексите загубија повеќе од 8 проценти. Тоа е најлошиот старт на годината во историјата на Wall Street.

Уште повеќе, за околу 18 проценти, падна вредноста на кинеските акции, како резултат на забавувањето на локалната економија и големиот пад на цената на нафтата.

И како што цената на “црното злато”, поради слабоста на побарувачката и хиперпродукцијата, за прв пат во последните 12 години се спушти под нивото од 30 долари, под силен притисок се најдоа валутите на земјите кои се големи извозници на нафта, како што се Канада и Норвешка.

Така девизниот курс на канадскиот долар во однос на американскиот долар падна на најниско ниво од 2003 година. Покрај тоа, се шпекулира дека централната банка на Канада следната недела може да ги намали каматните стапки за да го поддржи економскиот раст.