Недостатокот на работници во земјава го зголеми обемот на работа а платите останаа исти. Ова предизвика револт кај работниците, кои бараат повисоки плати во согласност со прекувремената работа. Но, зошто всушност нема физички работници? На ова прашање одговараат многу градежни работници, кои посочуваат дека нивните колеги заминале во странство за поголем плата.

„Нема, затоа што повеќето од нив ја напуштија земјата. Дали знаете некој што заминал во странство? Многу знам, затоа што имав многу колеги кои заминаа во странство. Зашто вие не заминувате? Бидејќи веќе годините ги немам, нема како да одам.“

„Работна сила не е толку тешко да се најде, можеби оние најпрофесионалните занаети. Може да се најдат физички работници, но оние кои се попрофесионалци потешко, не дека  не може да се најдат. Недостатокот на работната сила е поради незадоволство, не можеме да кажеме дека бегаат во Германија бидејќи се презадоволни. За да се подобри оваа ситуација, мора да се најде решение, што според нас, значи да се подигне стандардот на работната сила“, вели еден од работодавачите.

Јазот е длабок на пазарот на трудот, и за некои  занаети има изразен недостаток на мајстори. Од Агенцијата за вработување велат дека во моментов има околу 7.000 слободни работни места на пазарот на трудот.