Сите твои секојдневни банкарски трансакции може да дојдат во еден пакет и тоа да те чини помалку од тоа што си плаќал досега како надоместоци за користење банкарски услуги. И најдобро од сѐ е што во еден пакет ги добиваш банкарските производи и услуги кои навистина ти се потребни.

 

Звучи добро и функционира беспрекорно. Модерното банкарство веќе не завршува само со 24/7 достапни банкарски производи и услуги, туку ти нуди и многу повеќе – банкарски пакет скроен според твоите потреби, желби и можности кои можеш да ги задоволиш брзо, лесно и едноставно во секое време и од секое место.

 

Токму тоа ти го овозможуваат КБ пакетите, со кои добиваш сѐ што им треба на твоите лични финансии и тоа по пониски цени од редовните. Може да избереш КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус, при што КБ пакетот го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно и остваруваш заштеда.

 

Добиваш сѐ што е потребно за одговорни и безгрижни лични финансии!

 

Со КБ Стандард ги добиваш најважните банкарски услуги за секој ден:

  • платежна сметка во денари и во девизи
  • увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка
  • бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка
  • лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay
  • отворање траен налог без надомест
  • можност за дозволено пречекорување во висина на две плати
  • можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка

 

Со КБ Плус, покрај најважните банкарски услуги од претходниот пакет, добиваш плус поволности:

  • три бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Комерцијална банка
  • бесплатна обнова на дебитната картичка
  • три бесплатни проверки во месецот на состојба преку банкомат на Банката

 

КБ Бонус ти овозможува повеќе бонус придобивки покрај редовните банкарски услуги од стандардниот пакет:

  • неограничен број проверки на состојба преку банкомат на Комерцијална банка
  • пет бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Банката
  • бесплатна обнова на дебитната картичка
  • бесплатна промена на ПИН

 

КБ пакетот се активира со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

 

Избери го КБ пакетот што најмногу ти треба и уживај во модерното банкарство кое целосно ќе се вклопи во твоето секојдневие и во твоите лични финансии.