Нето добивката на словенечките банки во првите 9 месеци падна за 16% на годишно ниво. Комбинираната нето добивка на комерцијалните банки во Словенија се намали за 16% на годишно ниво на 393 милиони евра во првите девет месеци од 2020 година, објави во вторникот централната банка.
Пандемијата на „Ковид-19“ ги ослаби условите за генерирање приходи за домашните банки, а трошоците за задолжителни резерви исто така растат, според Народната Банката на Словенија наведено е во месечниот извештај за работењето на банкарскиот сектор.
Банката забележува дека комбинираната нето добивка на банкарскиот систем се зголеми во септември како резултат на спојувањето на двете банки. Во спротивно, профитот би бил 60% помал од претходната година, соопшти централната банка.
Вториот по големина заемодавател во земјата – Нова кредитна банка Марибор (Нова КБМ), ја заврши аквизицијата на Абанка на 1 септември – трета по големина банка во Словенија.
Нето-приходите од камати од словенечките банки се намалија за 5,0% на годишно ниво, на 482 милиони евра во јануари-септември, соопшти Банката на Словенија.
Вкупниот бруто приход на банките во Словенија се зголеми за 8,9% на годишно ниво до 1,1 милијарда евра во набудуваниот период, додека оперативните трошоци се зголемија за 5,0% на 536 милиони евра.
Нето-надоместоците и резервациите за оштетување се претворија во негативни на 109 милиони евра во јануари-септември, од позитивните 63 милиони евра во истиот период во 2019 година.
Вкупните активи на банките се зголемија на 43,52 милијарди евра на крајот на септември, во споредба со 41,21 милијарди евра на крајот на 2019 година.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк