Американската сурова нафта WTI се зголеми за 1,56 отсто или 1,17 долари, достигнувајќи 76,33 долари за барел, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во речиси три години откако разговорите меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници беа одложени на неодредено време, бидејќи групата не успеа да постигне договор за политиката на производство од следниот месец па натаму.

Американската сурова нафта WTI се зголеми за 1,56 отсто или 1,17 долари, достигнувајќи 76,33 долари за барел, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

Меѓународната ценовна референца на пазарот на „црно злато”, нафтата „брент” од Северно Море, зајакна за 1,2 процента или 93 центи, односно на 77,10 долари за барел.

Разговорите меѓу членките на ОПЕК и нивните сојузници, група популарно наречена ОПЕК +, почнаа минатата недела, со цел да се утврди производната политика до крајот на годинава.