„Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе следна година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центар на Тетово до центар на Скопје со едно пријатно возење“, рече Николоски, посочувајќи дека овие активности ќе бидат продолжение на проектот „Градски воз“ што се спроведува во Скопје.

Во однос на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, министерот изјави дека следната година треба да бидат готови првите километри, а доколку работите одат според сегашната динамика, делницата треба да биде целосно готова во 2028 година.

Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека заедно со Европската Унија интензивно се работи на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар.

Николоски во изјава за медиумите во Тетово рече дека станува збор за проект кој е во рамките на Планот за раст на Европската Унија, а поврзување на главниот град со Тетово и Гостивар е првата фаза од она што е замислено. Во втората фаза железницата треба да продолжи до Кичево, а во третата да се поврзе со Охрид и Струга и понатаму со соседна Албанија.

Според министерот за транспрот, идејата за меѓуградски возови треба да растовари сообраќајот, да го намали метежот и загадувањето. Тој се надева првите конкретни чекори на овој план да бидат направени следната година, а проектот да биде завршен за неколку години.

„Мојата идеја и еден вид на сон е да направиме меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растовари сообраќајот, ќе го намали метежот и загадувањето. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе следна година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центар на Тетово до центар на Скопје со едно пријатно возење“,

рече Николоски, посочувајќи дека овие активности ќе бидат продолжение на проектот „Градски воз“ што се спроведува во Скопје.

Во однос на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, министерот изјави дека следната година треба да бидат готови првите километри, а доколку работите одат според сегашната динамика, делницата треба да биде целосно готова во 2028 година.

Според Николоски, сите прашања поврзани со експропријацијата на земјиштето се завршени и оти сега се решаваат работи поврзани со дислокација на далноводите од електроенегетската мрежа.

„Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат кој го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со  експропријација, сега се решаваат работите кои се поврзани со дислокација на водови. Исто така, не сакаме да го отсечеме населението од едната или другата страна на автопатот и затоа паралелно се работат натпатниците, односно мостовите и доколку продолжиме со оваа динамика веќе следната година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен автопатот од Тетово до Гостивар и тоа е нешто на што сум особено горд“,

изјави  Николоски, кој денеска заедно градоначалникот на Тетово присуствуваа на увид на реконструирана улица „Штипска“ во градот.

Од поставувањето на камен-темелникот на автопатот Тетово – Гостивар / Фото: Архива

Одговарајќи на новинарско прашање за текот на работиме во однос на патот Тетово – Призрен, вицепремиерот и министер за транспрот рече дека на него се работи и оти во тек се проктирањата на тунелот кој ќе биде најгол во државата, поради што од Градежниот факултет во Скопје побарале дополнителни информации. Николоски потсети дека станува збор за патно повразување кое минатата година беше договрено меѓу македонската и владата на Косово.

„Градежниот факултет веќе го сработи основниот проект, говорам за нашата страна на проектот, побараа дополнителни информации во делот на должината на тунелот и точката на спојување, тие информации ги доставуваме имајќи предвид дека ќе има еден исклучително долг тунел, односно најдолг тунел во државата. Сега работат на проектирање на тунелот, тунелите се најсложени инженерски зафати и веднаш штом завршат со проектирање на на тунелот ќе ја знаеме точната вредност и ќе почнече да обезбедуваме средства, по што би почнале и да работиме“,

рече вицепремиерот и министер за транспорт.

Според него, овој проект добро напредува, имајќи предвид дека станува збор за еден од поголемите, и се надева дека што Градежниот факултет заврши со проектирањето, ќе моѓжат да го презентираат во јавноста.