НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица и правни лица во МКД и ЕУР клаузула, и истите се со важност од 01.11.2021 година.

Кај денарските депозити за физички лица, извршено е намалување од 0,01 до 0,35 процентни поени, додека кај депозитите во ЕУР клаузула од 0,01 до 0,24 процентни поени.

Кај депозитите за правни лица, намалувањето кај депозитите во МКД клаузула е од 0,05 до 0,48 процентни поени, додека кај депозитите во ЕУР клаузула од 0,10 до 0,19 процентни поени.

Новите каматни стапки се однесуваат на сите новосклучени договори за депозити, како и на постојните договори за депозити, при што новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот.

Новите каматни стапки се објавени на следниот линк.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02/15-600.