По повод меѓународниот ден на лицата со цистична фиброза, НЛБ банка – Скопје објави дека станува „патрон на пациентите со цистична фиброза“.

Заедно со асоцијацијата за цистична фиброза денеска информираа за активностите низ кои ќе ги поддржи лицата со оваа наследна хронична болест. Цистичната фиброза е генетска болест од која во Европа се афектирани околу 2500 новородени деца годишно. Најчеста карактеристика е прогресивно оштетување на респираторниот систем.