Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас заостанува, покажаа статистичките податоци.

Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад.

Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто. Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.

Без секторот и опремата за нафта и гас, БДП во периодот од јули до септември бележи пораст од 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто. Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, поддржана од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.

Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто инвестициите на компаниите во фиксен капитал се намалени за 2,1 отсто, што е одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.