По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија. Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото „Тешкото“, од народната песна „Билјана платно белеше“. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски.

Корпоративниот сет наменет за деловните партнери, клиентите и пријателите на Халкбанк ја продолжува приказната чија основа е слоганот „Важни се луѓето“, овој пат надграден со многу силна порака за важноста и почитувањето на заедничките вредности и традицијата.

 

 

–  Еден од најважните елементи на секое општество е неговата култура и традиција. Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за  вистинските вредности и важноста за нивната афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички културни вредности – стои во пораката на материјалите со кои Халкбанк ги честита престојните празници.