Јавниот сервис SWR во четвртокот изјави дека автомобилскиот концерн „Фолксваген“ обвинет за манипулирање со вредноста на издувните гасови, истиот програм, наводно, бил инсталиран и на мотори „Еуро 6“ од новата генерација, а не само на постари дизели.

„Поновите дизел мотори на групацијата Фолксваген исто така беа опремени со програма за да утврдат дали автомобилот е под тест, дозволувајќи лажни податоци за издувните гасови“, јавува јавниот сервис SRW, повикувајќи се на внатрешните извори на VW.

Најновата генерација на дизел мотори „Еуро 6“ е вградена во брендирани автомобили во рамките на групите „ВВ“ како Фолксваген, Шкода, Сеат и Ауди. VW моделите се претежно Golf, Tiguan и Passat.

Запрашан од SWR, од Фолксваген изјавија дека, според нивно знаење, програмите за манипулација не биле инсталирани во моторите на новата генерација.

Групацијата Фолксваген веќе плати казни од неколку милијарди долари во САД, каде беше откриен скандалот во 2015 година за манипулирање со вредноста на штетните издувни гасови. Веќе кога беше откриен скандалот, се сомневаше дека контроверзните програми биле вметнати во моторите од најновата генерација, што VW постојано го одрекува.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк