Промовирана првата SN VISA card, која е резултат на партнерска соработка помеѓу првата Финтек комапнија во Македонија основана со домашен капитал ФД СН Финансии, Силк Роад Банка и VISA.

Оваа картичка клиентите можат да ја добијат засамо 15 мин, што всушност претставува најкраток рок на чекање до кеш кој е познат на овие простори.

-Ова денес е фазата каде што се финансиските ситеми во светот сега, но ова е и фазата каде што сме ние сега и не заостануваме ни чекор, зошто оваа фаза се вика партнерство, во светот познато уште од 2017, а кај нас прво помеѓу банка и финансиско друштво. Можеби прескокнавме некоја фаза, можеби ни недостигаат и некои сегменти од ФинТек индустријата, ни недостигаат и некои закони кои ќе го забрзаат развојот, но во одреден сегмент токму во ФинТек сферата сме на исто ниво како целиот свет и за тоа треба да сме горди!

Да се вратам на зборот партнерство, тој звучи моќно, особено ако партнерите целат високо.

ФД СН финансии со Силк Роад Банка и Visa направија партнерство кое креира нова иднина во сферата на финансиите во нашата земја. Ние сме во еден брзорастечки глобален систем соконкуренција која е галопирачка. Но, конкуренцијата е здрава, не мотивира, не прави покреативни и поиновативни. Развојот на ФинТек индустријата во светот и кај нас е неминовен, а ние сме лидери и сме горди на тоа. “ – истакна Никола Јошевски, генерален менаџер на ФД СН Финасии.

SN VISA card е идеална за секој кој сака брз кеш. Поврзаноста со лидерот на глобално ниво за дигитални плаќања VISA, е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш до поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат. VISA има издадено повеќе од 3,5 милјарди картици, прифатена е од 70 милони трговци и има моќ да процесира 65,000 трансакции во секунда. Незапирливиот фокус на ФД СН Финансии е кон иновации, како основен катализатор за брзиот раст на дигиталната трговија на кој било уред за секого, насекаде.

СН Финансиско Друштво за мошне кратко време, одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите. Комапнија која е целосно орентирана кон клинетите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.

ФД СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето.

Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои и го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.