Комерцијална банка АД Скопје започнува со понуда на поволни наменски кредити. По согледувањето на потребите и барањата на комитентите, Банката во наредниот период нуди поволности кај следните наменски кредити:

– Кредит за школување  со каматна стапка од 5,5% , рок на отплата до 5 години и износ до 5,000 евра во денарска противвредност. Повеќе на линкот Кредит за школување .

– Кредит за подобрување на енергетската ефикасност  со каматна стапка од 4,9% , рок на отплата до 7 години и износ до 8,000 евра. Повеќе на линкот Кредит за подобрување на енергетската ефикасност.

– Туристички кредит  со каматна стапка од 5,9% , рок на отплата до 3 години и износ до 3,000 евра. Повеќе на линкот Туристички кредит.