Подигнувањето готовина од банкомат станува полесно и побрзо, со новите бесконтактни банкомати на Комерцијална банка. Новата технологија овозможува и максимална безбедност на податоците при секоја трансакција.

Брзо, лесно и безбедно подигнете готовина со вашата бесконтактна картичка или со мобилен телефон преку апликацијата KomPay. Само доближете ја вашата картичка или мобилен телефон на бесконтактната ознака на банкоматот, внесете го вашиот ПИН и продолжете со трансакцијата. Готово за миг.

Комерцијална банка има високо распространета мрежа од вкупно 166 банкомати во земјата, а повеќе од 100 имаат можност за бесконтактно користење.