Децата со целебрална парализа кои заедно со нивните родители се дел од Советoт на родители на деца и лица со церебрална парализа Златни Ангели, имаа убава можност да ја видат и почувствуваат магичната атмосфера на еден од најубавите божиќни маркети во Европа и притоа да поминат едно убаво попладне во забава и дружба со најпознатото слонче Халки.

Во пресрет на Новогодишните празници, Халкбанк во рамките на своите општествено одговорни активности се потруди на овие деца да им овозможи да ја почувствуваат магијата и среќата, што вообичаено треба сите да ја чувствуваме за новогодишните празници, да ги развесели со убава атмосфера и подароци и да им покаже дека и тие се исто толку важни како што е важно секое дете во општеството.

„Празниците се важни бидејќи тоа се периоди кога споделуваме моменти на среќа, на радост и на хуманост. А ние како општествено одговорна компанија, овој пат, посакавме да ги споделиме радоста, нашето вниманиe, но и магичната атмосфера од најубавиот Божиќен маркет во Европа со прекрасните деца од здружението Златни Ангели. Преку оваа акција покрај радоста од разведрувањето на нивното расположение, тука е и радоста од поместувањето и проширувањето на сите непотребни граници. И тоа за нас е вистинска празнична магија која сакаме да ја делиме.” вели Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Со новогодишната донација, Халкбанк ја честита и ја заокружува оваа 2022, како уште една година посветена на бројни социјално одговорни, и проекти насочени кон кревање на јавната свест и кон заштита на животната средина.