СДСМ: Ковачевски обезбеди помали сметки, а поголеми плати и пензии

2023-03-19 12:00

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на здравствена, економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани. Преку одговорен и домаќински пристап обезбеди помали сметки, а поголеми пензии и плати. Просечната плата во државата, за пет години порасна...

Ковачевски смета дека ги заштитиле граѓаните и компаниите во кризата

2023-03-19 11:00

Иако трошоците растат, цените стануваат се повисоки како и сметките, премеирот Димитар Ковачевски смета дека владата ги заштитила граѓаните и компаниите, како и дека обезбедиле стабилна економија. Тој во интервју за МИА рече дека застанале во заштита на граѓаните, се обезбедиле и услови за...

Изречени казни од 1,1 милион денари – дел од продавачите во Охрид, Битола и Кичево продавале поскап леб

2023-03-19 10:00

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен утврди дека четири субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид,...

Електраните и фабриките на Феро Инвест дел од студиската посета на странска делегација во Програмата за борба против климатските промени

2023-03-19 09:00

Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на...

Една од најголемите измами: Илјадници изгубиле пари, инвестирале во апликација за тргување со крипто

2023-03-19 08:00

Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена iEarn Bot. Експертите кои ја истражувале оваа компанија велат дека овој случај би можел да биде еден од најголемите крипто скандали досега. Тргувањето со криптовалути стана...

Први контроли на Пазарна казнети маркети кои не почитувале одлука за замрзнати цени

2023-03-18 21:00

Паднаа првите казни за непочитување на одлуката –  замрзнати цени на одделни производи. 4 субјекти не ги намалиле цените на тестенитени и млечните производи за 15, односно 10 отсто, па сега ќе треба да платат вкупно 18. 200 евра. Државниот инспекторат направил 250 надзори...

Електраните и фабриките на Феро Инвест – дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

2023-03-18 20:00

Делегација од 30 лица од организации и институции  од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, како лидер во енергетската транзиција кај нас. Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување на хигиена во градски средини кои се произведуваат во БРАКО, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев. Во Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија био гасната електрана Био Ентерпрајз во Сарамзалино, каде проект-менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија. Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана Централ Инвест во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите Феро Инвест и Централ Инвест. Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од EXCITE проектот, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.

Банкарската криза ја собори цената на нафтата најефтина е во последните 15 месеци

2023-03-18 19:00

Цените на нафтата опаднаа во петокот, менувајќи ги раните добивки од повеќе од 1 долар за барел и паднаа за повеќе од 3 долари, бидејќи стравувањата од банкарскиот сектор ја поставија суровата нафта на курсот за нејзиниот најголем неделен пад во последните месеци. Фјучерсите...

Земјоделците од Неготино добија државна отштета за мрзнењето на земјоделските култури во 2021

2023-03-18 18:00

Исплатени се финансиски средства за земјоделци од Неготино, за претрпени штети од мрзнење на земјоделски култури, информираше синоќа неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека врз основа на донесена одлука од Владата за надомест на штета од елементарни непогоди, на Општина Неготино ѝ е обезбедена парична...

Што треба да знаете кога примате поштенска пратка со мала вредност од странство?

2023-03-18 17:00

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА ПРИМАТЕ ПОШТЕНСКА ПРАТКА СО МАЛА ВРЕДНОСТ ОД СТРАНСТВО:  Пратки со мала вредност испратени од странство од страна на ФИЗИЧКИ ЛИЦА со вкупна вредност до 45 евра по пратка СЕ ОСЛОБОДЕНИ од плаќање на царина и ДДВ (под услов да...