Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и пружи силна поддршка на Србија во текот на 2021 година, инвестирајќи речиси половина милијарда евра. Околу 40 отсто од инвестициите биле во проекти од областа на еколошката инфраструктура, транзицијата кон почисти извори на енергија, циркуларна економија и енергетската ефикасност. Регионалниот директор на ЕБОР за Западен Балкан и директор на канцеларијата во Србија, Матео Коланџели, рече дека минатогодишните резултати ја покажале посветеноста на банката за да и помогне на Србија да премине кон зелена економија, јави Бета.
„Продолжуваме да работиме со партнерите од јавниот и приватниот сектор за да инвестираме во одржлива инфраструктура и да ја зајакнеме конкурентноста на земјата”, рече тој.
Во инфраструктурниот сектор, банката поддржа голема регионална програма за управување со отпад, чија цел е изградба на санитарни депонии и зголемување на стапката на рециклирање во земјата. Исто така, инвестираше во широкопојасна инфраструктура во руралните области и подобрување на системите за наводнување во Војводина.