Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 88, еуродизелот БС (Д-Е V) за 74,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Од ноќеска на полноќ бензините и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден и пол денари за литар, а се намалува и цената на дизелот кој ќе се продава поевтино за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 88, еуродизелот БС (Д-Е V) за 74,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,8 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто.