Од понеделник Владата ја намалува акцизата за дизел горивата за два денари дознава 24 инфо. Намалувањето доаѓа за да се ублажи ценовниот шок по последното поскапување на нафтените деривати во понеделникот. Засега намалување ќе има само кај дизел горивото но доброупатени извори велат дека може да се намали акцизата и кај другите деривати.

Во мометов највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат 72 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95, ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 74,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 37,719 (денари/килограм)

Според Регулаторна комисија за енергетика трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени со закон. Но засега сите бензиски пумпи ја почитуваат највисоката препорачана цена.

Никој од експертите засега не ја коментира најавата за пониска цена на дизел горивото. Но велат дека намалуваето секако треба да се одрази на цела индустрија и да ги намали трошоците за производство, а со тоа и крајната цена.

Освен горивата во акцизни стоки влегуваат алкохол и алкохолни пијалaци, тутунски производи и енергенти и електрична енергија. Овие производи се подлежни на акциза со нивното производство или со нивниот увоз на акцизното подрачје и со нивното внесување  на акцизното подрачје.

Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целото акцизно подрачје, како и за спроведување контроли над имателите на акцизни дозволи и одобренија за повластен корисник, како и над учесниците во трговски операции кои вклучуваат промет со акцизни добра.