Од утре стапува на сила забраната за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.

Забраната ќе трае до 31-ви август и се однесува на просторот од булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри и туристичките локации на потегот од каналот „Студенчишта“ до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.