Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 25.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 57,347 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.