Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии, компанијата вработува:

Службеник за односи со клиенти во експозитурата на Штедилницата во Аеродром
1 (еден) службеник

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование економски и/или други сродни факултети, со основни познавања на финансиски извештаи,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во дејноста не е задолжително.

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитно барање,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Аплицирајте преку web страната:

http://www.moznosti.com.mk/aplikacija-za-vrabotuvanje.nspx или пратете CV преку е-пошта: [email protected], не подоцна од 03.03.2021 година, со назнака за експозитурата Аеродром.

Земете ја во предвид информацијата дека само кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани, а изборот ќе се врши во рок од 45/90/120 дена по завршување на Огласот.

Со праќање на вашата апликација, согласни сте да се користат вашите лични податоци во процесот на селекција.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во процесот на селекција.