Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје овозможува активно да учествуваш во модерниот развој на Банката, да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности и да ги оствариш твоите професионални цели.

Искористи ја можноста и аплицирај за:

  1. Помлад соработник во Експозитура Кичево
  2. Помлад соработник во Експозитура Ресен

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата29.200,00 денари.

Огласот важи до: 28.05.2023 година.

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет,
  • Понуда на депозитни производи,
  • Промоција и продажба на банкарски производи,
  • Брз трансфер на пари,
  • Менувачко работење,
  • Учество во промотивни кампањи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки,
  • Познавање на англиски јазик и MS Office алатки,
  • Со или без работно искуство ,
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност,
  • Прецизност во извршување на работните задачи,
  • Ориентираност кон потребите на клиентите,
  • Адаптибилност во динамична работна средина,
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
  • Доброволно приватно здравствено осигурување,
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.

Пополни ја  следната апликација или достави твое CV на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник во Експозитура Кичево” или „Oглас за вработување Помлад соработник во Експозитура Ресен”.

Телефон за контакт: (02) 3168-467 

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Мрежата на филијали на Комерцијална банка создава нови вредности за клиентите

„Нашата работа е динамична, а нашиот тим е вреден и посветен. Во фокусот ни се клиентите и обезбедување на најдобри финансиски решенија за нивните потреби.

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим, те охрабруваме да аплицираш за вработување во Комерцијална банка затоа што цениме нови идеи и создаваме нови вредности за корисниците на банкарски производи и услуги“.

Марија Србиновска, директор на Самостојната дирекција за управување со мрежата на филијали