Иднината на дигиталното корисничко искуство е темата на овогодинешното издание на Rethink маратонот. Над 50 млади креативци од 20 до 22 септември ќе учествуваат и ќе имаат можност да ја споделат својата визија со македонските компании.

Фокус на Rethink се информатичките технологии, но тимовите кои ќе работат ќе бидат мултидисциплинарни; ќе има претставници од повеќе сектори, пример: информатичките технологии, е-бизнис, маркетинг, финансии, менаџмент и дизајн.

Организаторот и компаниите кои го поддржуваат настанот осмислија три предизвици за младите креативци:

  • Менување на финансиските навики на младите преку Big Data и AI
  • Пронаоѓање на нови начини за собирање и употреба на корисничка дата преку дигитални канали со цел да се зголеми продажбата во модната индустрија
  • Креирање на стратегија за дигитална комуникација со корисниците на глобалниот пазар.

Сите заинтересирани можат да се пријават за учество најдоцна до 16 септември на следниот линк. Учеството на настанот е бесплатно, а маратонот има и награден карактер, трите најдобри решенија ќе добијат парични награди.

Организатор на Rethink и оваа година е Solveo, а поддржувачи на настанот оваа година се: Охридска Банка Сосиете Женерал, Магнетик и Дона. Маратонот ќе се одржи во просториите на Иннофеит.