Охридските угостители, од кои голем дел се лоцирани во центарот на градот пред нов „удар“, се враќа старата цена на паркингот во Премиум зоната.

Од ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид ја известуваат јавноста дека од денес, 1 март цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари.

– До денес, 28-ми февруари е на важност одлуката на општина Охрид за намалување на цената за паркирање во Премиум зоната која изнесува 30 денари за еден час паркирање и која беше донесена по барање на Здружението на угостители „Охридски Еснаф“ со цел ублажување на последиците и загубите кои секојдневно ги генерираа угостителите поради COVID-19, информираат од претпријатието.

Охридските угостители се во исклучително лоша финансиска состојба и веќе подолг период бараат помош за надминување на состојбата. Бројни објекти се затворени, а дел испуштија вработени во неможност да ги покријат трошоците на работењето.