Брендот ќе се одвои во независно јавно претпријатие

Марката Gap’s Old Navy планира да отвори стотици продавници додека се подготвува да ги оддели од својата матична компанија во време кога забавената продажба и онлајн конкурентите предизвикуваат многу ланци на малопродажба, пренесува Wall Street Journal.

Претходно оваа година, Гап рече дека ќе го оддели својот брзо растечки бренд од остатокот на бизнисот, создавајќи две компании со јавно тргување.

Old Navy веќе неколку години настапува подобро од другите брендови Gap и Banana Republic, благодарение на пониските цени и добрите стратегии за маркетинг. Во моментов, Old Navy е пред оригиналниот бренд во приходите од продажба, генерирајќи скоро половина од приходите на Gap (16,6 милијарди долари) во 2018 година.

На настанот за инвеститори овој четврток, Old Navy, која има околу 1.200 продажни места, рече дека сака да достигне 2.000 локации со отворање продавници, претежно помали, на пазарите каде што не беше застапена. Компанијата не прецизираше за колку долго тоа ќе се случи, но рече дека има за цел на крајот да достигне 10 милијарди американски долари годишен приход од продажба.

Помеѓу 2016 и 2018 година, Old Navy отвори 145 продавници, објави компанијата.

Во меѓувреме, брендот GAP затвори стотици продавници последниве години, откако неговата светска експанзија доведе до присуство на повеќе продавници на голем број пазари. Компанијата има околу 3.800 продажни места во светот.

Главниот извршен директор на „Gap“ Арт Пек ќе продолжи да управува со матичната компанија, во која ќе бидат опфатени „Gap“, „Banana Republic“, „Athelete“, „Intermax“ и новиот спортски бренд „Hill City“.

Извршниот директор на „Old Navy“ Соња Сингел ќе управува со поделбата, која генерира околу 8 милијарди американски долари годишен приход.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк