Оние што се родени во големите градови имаат поголема заработувачка моќ подоцна во животот, вели новата студија која проследи 7.500 британски жители над 18 години.

Откриено е дека некој роден во Лондон во 1971 година ќе заработи 6,6% повеќе од нивниот колега од Манчестер и 9,3% повеќе од личност родена во Ливерпул. Што им дава поголема шанса на децата од големите градови? Можеби најмногу образовните опции. Имањето поголеми социјални мрежи и социјални кругови, исто така, помага и може да има врска со влијанието на родителите од големите градови, кои имаат поголема веројатност да работат во професионални области.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк