Oд опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат за галопирачки раст на инфлацијата, и бараат државата да донесе мерки.

„Проекцијата на НБРМ беше дека таа ќе изнесува 1, 5  отсто , потоа НБРМ излезе со ревидирана проекција дека инфлацијата ќе изнесува 2,5 отсто, а сега во овој момент инфлацијата е 3 отсто, што значи едно сериозно поскапување на животот на граѓаните. Се очекува зголемување на цените на нафтата, струјата и прехранбените производи, поскапува маслото за јадење, хигиенските производи. Едно целосно поскапување и галопирачка инфлација, која што ако не се спречи од паметни политики, потоа не може да се спречи. Затоа очекувам надлежните институции да донесат мерки во однос на инфлацијата“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО -ДПМНЕ.

Повисока стапка на инфлација, односно раст на трошоците на живот за годинава прогнозираше Народна банка.

Растот на економијата, пак, за годинава се очекува да биде 3,9 отсто, што е исто со она што претходно се предвидуваше.