Дечињата од Општина Брвеница ја добија својата прва градинка, а Комерцијална банка се погрижи во дворот на градинката да имаат и забавен парк затоа што тоа им ја носи најголемата радост. Банката ѝ донираше на новоотворената градинка „Сонце-Диели“ лулашка со две седишта и клацкалка со четири седишта, со што дворот ги доби првите детски реквизити кои не само што ги веселат дечињата туку го помагаат и нивниот психо-физички развој.

Донацијата од Комерцијална банка е уште позначајна затоа што во услови на пандемија поголем дел од денот дечињата го поминуваат во дворот на градинката со што се намалуваат ризиците за нивното здравје.