Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ е уникатен настан со непроценлива уметничка вредност, реализирана и презентирана преку детската магија и совршеност. Препознавајќи ги оригиналноста и значењето на фестивалот, Комерцијална банка е горд поддржувач и на 12-то издание на „Битолино“.

Годинава, Битола повторно ќе биде местото каде што ќе се прикажуваат најдобрите светски детски претстави и ќе се промовира сѐ што е ново во светот на детскиот театар под мотото „Следи ја светлината“.

Комерцијална банка им посакува на децата да уживаат во својот волшебен свет на театарската сцена во Битола, да понесат од земјава незаборавни моменти и спомени и да останат посветени на својата страст и амбиција како вредни млади уметници.