rusija naftaЦените на нафтата на меѓународните пазари го надмина нивото од 49 долари, поддржани од страна на остриот пад на залихите во САД, кои ги поддржаа очекувањата за намалување на понудата.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта се зголеми за 59 центи на 49,20 $. На американскиот пазар сурова нафта се тргува за 52 центи повисока цена, од 49,14 $.

Поради серијата прекини во снабдувањето во целиот свет, вклучувајќи ги и Канада и Нигерија, снабдувањето овој месец се намали за речиси четири милиони барели дневно. Со тоа е ублажен товарот на вишокот на понудата кој долго време го притиска пазарот.

Штрајкот во француските рафинерии досега не влијае на цената на суровата нафта,  само на рафинериските маржи за дизел и бензин.

Инвеститорите дополнително се охрабрени од неочекуваните податоци од Американскиот институт за нафта (API) за остар пад на залихите во САД минатата недела, за 5,1 милиони барели. Тоа е двапати повеќе од очекувањата на аналитичарите.