Откако Шпанија воведе татковско отсуство, мажите сакаа помалку деца. Овој тренд го покажува новата студија на економистите на Универзитетот во Барселона и на Универзитетот во Помпеу Фабра, која покажа дека мажите останале повеќе ангажирани во грижата за нивните деца по нивното враќање на работа, но помалку сакаат да прават повеќе деца. Истражувачите сугерираат дека трошењето дополнително време со своите деца ги направило татковците повеќе свесни за напорите и трошоците поврзани со подигнувањето на децата. Шпанија воведе две недели татковско отсуство во 2007 година, неодамна проширувајќи го тоа дозолено отсуство на осум недели.