Вол Стрит најверојатно ќе ги намали бонусите за 15-20 проценти оваа година и привремено ќе отпушти значителен број луѓе.

Проценката ја објави американската консултантска фирма за компензација, Џонсон Асошиејтс, пренесува Б92.

Проценките во извештајот на Алан Џонсон, кои внимателно ги следат финансиските професионалци, се поблаги од оние што ги објави на почетокот од годинава, но отпуштањата од работа може да бидат значајни, пренесува Ројтерс. Компаниите се принудени да донесат брзи одлуки, да пресечат црвена лента за време на пандемија и да објават дека им требаат помалку вработени за да извршат одредени работи, рече Џонсон.

„Технологијата ни покажува дека не ни требаат толку многу луѓе, не ни требаат толку нивоа на управување и дека работните места во многу сектори ќе бидат несигурни“, додаде тој.

Тој, сепак, забележува дека намалувањето на бројот на вработените неизбежно води до зголемување на трошоците за отпремнина и дека компаниите нема да сакаат да бидат перцепирани како тврдокорни, додека економијата е во рецесија и милиони луѓе се без работа.

За оние кои се уште се вработени, бонусите ќе бидат строго контролирани бидејќи банките ќе ги земат предвид сопствените деловни резултати за време на кризата со коронавирусот, како и движењето во САД, „Животот на црнците е важен“, проценува Џонсон.

Сосопственикот на оваа консултантска фирма напиша дека контролата на надоместокот за работа ќе биде проширена на главните раководни позиции во јавните компании.

„Влијанието на Ковид-19 и неодамнешниот фокус на правда и еднаквост ќе бара размислена анализа и балансирање помеѓу деловните перформанси, конкурентските и социјалните приоритети и очекувањата на клиентите и вработените. Ова не е година да бидеме глуви “, напиша тој.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк