Илон Маск во голем стил ја отвори вратата на првата „гига фабрика“ на Tesla на европско тло. Во Grünheide, место од осум илјади жители кое се наоѓа триесетина километри од Берлин, стартува производството на автомобили од познатиот бренд.

Сите заинтересирани имаа можност веднаш по отворањето да го разгледаат процесот на производство кое ќе се одвива во оваа германска фабрика – од производството на батерии и напонски склопки, преку изработката на седишта, до финална монтажа на моделите Teslа – “3″ и “Y”. На посетителите на настанот, Маск им приредил голем light show, вегетаријански специјалитети и сопствена презентација. На собраната публика тој прво се обратил кратко на англиски јазик, а потоа продолжил со презентација нa германски, по што е поздравен со овации.

Фабриката вработува 10.000 луѓе, што е повеќе од вкупниот број на жители на местото. Изградбата нa оваа фабрика која чини околу 4 милијарди евра, ја следеа бројни контроверзи. Различни здруженија за заштита на животната средина поднесоа заедничка тужба против Tesla, но кон крајот на август се откажаа од истата.

giga1

giga2

giga3