Отворени четири нови експозитури за само половина година на СН финансиско друштво

 

Новото време носи потреба од брзи, сигурни, едноставни и лесно достапни трансакции, тврдат од СН финансико друштво кое сaмо за првата половина од 2021 година бележи зголемување на бројот на експозитурите и раст на бројот на вработени за 25%.

 

“Во 2020 година беа вкупно 9 експозитури во 7 градови, а само во првите 6 месеци од 2021 имаме 4 нови експозитури, а со тоа реализирани се и нови вработувања.

Новите експозитури се лоцирани во Скопје, Прилеп, Струга и Тетово. А изборот на градовите доаѓа како резултат на нашето детално истражување на пазарот кое го правиме во континуитет. Така денес, СН финансиско друштво брои 13 експозитури во 9 градови низ Македонија.” –  истакна Томе Чагоровски, менаџер за продажба и маркетинг во оваа компанија.

 

Континуираната дигитална трансформација и на пазарот на финансииите, но и на целата услужна индустрија, покажува дека има сé повеќе потреба од решенијата кои ги нудат финтек компaниите. На почетоcите од нивното појавување на нашиот пазар, тие беа фокусирани на тесна група на корисници, но брзиот развојот и растот кај нив се покажа евидентен со ширењето на услугите, наметнувајќи нови трендови во финансикото работење и зголемување на конкуренцијата.

“Иако, со здравствената криза, најголемиот дел од работењето одеше онлајн, сепак истражувањето покажува дека клиентите сакаат и личен контакт. Затоа и се одлучивме на овие чекори, кои од старт ги дадоа и првите резултати. Ние сме компaнија која е целосно клиентски ориентирана, оттука веројатно и успехот кој го имаме изграден за помалку од 5 години на пазарот, каде со филозофијата на работење која ја споведуваме заедно со тимот ја менуваме сликата на крутост и нефлексибилност кој долго владееше за инстутициите кои го движат финансискиот пазар”-додава Чагоровски од СН финансиско друштво.

 

 

Во најава се и планови за ново ширење, како и промоција на нови производи кои секогаш ги темелат на дигитални решенија, каде се доакажани пионери, па оттука и зголемениот број на задоволни корисници.