Денеска и утре, 3-ти и 4-ти декември 2022 година, од 11:00 до 14:00 часот ќе се одржат отворени денови во општина Охрид, за сите оние кои сакаат да видат што е предвидено, но и да дадат предлози за новиот Буџет на општината за 2023 година.

Ќе присуствуваат градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, претседателот на Советот, секретарот, раководителите на сектори и одделенија од општина Охрид, директорите на јавните претпријатија и дел од охридските советници.

Инаку предлози и забелешки по нацрт програмите и нацрт буџетот за следната година може да се доставуваат до локалната самоуправа до 7-ми декември.