Во текот на изминатите неколку месеци, Dogecoin (DOGE) е апсолутен хит, станувајќи една од најпопуларните криптовалути во светот.

Само во текот на февруари 2021 година, Dogecoin го надмина Bitcoin како најтвитана криптовалута и брзо стана омилена тема на многумина, вклучувајќи го и извршниот директор на Тесла, Илон Маск.

Што е Dogecoin?

Dogecoin, позната и како „интернет-валута“, е „децентрализирана дигитална валута peer-to-peer која ви овозможува лесно испраќање пари преку Интернет“. Dogecoin е сличен на Bitcoin (BTC) затоа што е изграден врз основа на изворниот код на Bitcoin. Сепак, многу е полесно да се рудари (или „копа“ како што се нарекува во протоколот на Dogecoin), и за разлика од Bitcoin, Dogecoin има неограничена понуда на токени и повеќе од 120 милијарди токени се веќе ископани.

Како е создаден?

Dogecoin е создаден во декември 2013 година како валута направена „на шала“ заснована на популарното интернет-меме Doge.
И откако ова меме стана популарно, пазарната капитализација на оваа „смешна“ криптовалута скокна на повеќе од 7 милијарди долари.

Што е Doge?

Кучето потекнува од интернет меме на јапонски вид на куче наречено Шиба Ину.
Мемето обично се состои од слика на куче Шиба Ину пропратена со разнобоен текст. Текстот обично е напишан на сленг на англиски јазик.

Џексон Палмер, еден од основачите на Dogecoin, одлучи, на шега, да ги комбинира двата најпопуларни интернет трендови во тоа време, Doge и криптовалутата.
Тој еднаш објави на Твитер: „Инвестирам во Dogecoin, прилично сум сигурен дека тоа е следната голема работа“. Твитот доби големо внимание. Тој го купи dogecoin.com и објави слика на фотошопирана паричка со Шиба Ину на неа.

Популарниот твит и веб-страницата го привлекоа вниманието на софтверскиот инженер на IBM, Били Маркус. Маркус се обратил до Палмер со намера Dogecoin-от да го направат нова криптовалута. Иако на почетокот не можел да стапи во контакт со него, тој започнал да работи на проектот, кој траел цели три часа !!! И сето тоа заврши со тоа што Dogecoin стана нова крипто валута.

Dogecoin-от, иако има вистинска вредност, е исклучително шпекулативна инвестиција. Криптовалутите и Dogecoin се изложени на ризик на пазарот и се екстремно нестабилни. Истражувајте сами и размислете двапати пред да купите!