Оваа недела ќе бидат исплатени пензиите кон над 300.000 пензионери, а пензиите на сметките на пензионерите ќе „легнат“ в петок на први декември.

Сепак, дел од банките најавуваат дека со исплата на пензиите ќе стартуваат ден и два порано.

За денес, на владина седница најавено е усвојување на нов пакет антикризни мерки со што дел од пензионерите, особено оние со пониски пензии, ќе добијат дополнителна финансиска помош од државата.