Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 и млекото за 0.3 проценти, воздухопловниот патнички транспорт за 9.4  проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3  проценти, услугите за сместување за 3.3  проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9  проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти…

Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5  проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценту, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти.

Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 процент, гасот за домаќинствата за 2.2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1.0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7  проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0.2 проценти.