Вработените од ЈП „Македонски шуми“ во четвртокот со задоцнување од десет дена ја земале јануарската плата, но како што приложуваат некои од нив, од ова јавно претпријатеи им била исплатена плата нод само 1 денар.

ЈП „Македонски шуми“ и минатата година се соочи со проблем околу исплаќање на платите, а како оправдување беше вонредната состојба воведен поради епидемијата на коронавирусот.

Имено, тогаш 2.500 лица вработени останаа без редовна плата и без здравствено осигурување и на работ на егзистенцијата.

Дали ќе има корекција во однос на јануарската плата или и ова јавно претпријатие пропаѓа, останува да се шпекулира, но сѐ погласни се вработените кои, како што велат, се потценети и заборавени од властите.