На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по минатонеделниот пад од 0,5 проценти, бидејќи поради неизвесноста на пазарите, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,30 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 98,23 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,16 проценти, на 158,85 јени.
Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1755 долари, додека во петокот навечер изнесуваше 1,1765 долари.