Цените на нафтата се на пат до  првиот месечен пад во последните шест месеци. Цената на нафтените  фјучерси денес е малку изменета во Њујорк, па се проценува дека во февруари забележа пад од 2,8 отсто на месечна основа.

Цената на американската “лесна” нафта (WTI) за испорака во април падна три центи на 62,98 американски долари за барел на Њујоршката берза, и е на пат да го сними првиот месечен пад од август, според Њујорк агенцијата “Блумберг”.

Вкупниот обем на тргување беше 21 проценти под просекот од 100 дена.