Светските цени на нафтата паднаа бидејќи зајакнувањето на американскиот долар ја ограничи побарувачката за овој енергетски производ, а европските и американските берзански индекси се главно намалени.

Доларот зајакна откако еден од претставниците на американската централна банка FED изјави дека не треба да очекуваме драстично намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави, пренесува CNN.

Франкфуртската берза DAX денеска во 9 часот падна на 16.405,30 поени, лондонски FTSE 100 на 7.558,34 поени, францускиот CAC 40 на 7.558,34 поени, додека московскиот MOEX скокна на 3.184,82 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 37.361,12 поени, вредноста на Nasdaq на 14.944,35 поени, а вредноста на S&P 500 на 4.765,98 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.329 долари, а на нафтата од типот брент на 77.296 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29.656 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2024,25 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,8599 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08754, што е приближно исто како и вчера.