Веќе со денови, пред поранешната централа на Охридска Банка А.Д. Скопје се случува вистински хаос и е станато главно корона-жариште во градот Охрид.

Редовно се случува да има редови долги со десеттици метри, на главно стари и изнемоштени лица, најчесто пензионери кои, како најредовни клиенти од славното време кога Охридска Банка А.Д. Охрид, во времето на директорот Најденко Попоски беше поим за банкарство и реноме во државата. Истата, како прва приватна и засебна банка во земјава имаше највисоко ниво на реноме и организација, доверба кај штедачите како домашни така и странски и беше поим за банка во земјата, судејќи по сите параметри. Од поврат на капитал, од перформаси во кредитирањето, како на физички така и на правни лица, како и по коефициентот на експанзија, РОИ, и по секој друг параметар.

Ова што го гледаме во последните години, не е ни бледа слика на некогашната банка. Откако неколку пати се продаде и додаде, единствени што останаа лојални на оваа банка се овие изнемоштени и кутри пензионери, кои по инерција сметаат дека сеуште се во добрата стара Охридска Банка.
Но што се случува на терен? Погледнете сами:

Денес за жал, имаше и случај каде постаро лице колабира чекајќи ред за да ги подигне фамозните 6.000 денари државна помош. Во прилог и видео од локалниот медиум Охрид1

Кој е одговорен за оваа ситуација? Па се разбира банката. Или одговорните во неа. Во шалтер салата, каде некогаш работеа 6 универзални шалтери и 3 шалтери од платен промет, сега во услови на ваква навала работи 1 шалтер за платен промет и 2 универзални шалтери. Клиентите чекаат со часови надвор. Има кавги, надвикувања и е сосема плодна почва за кластер за корона инфекција.

Организацијата на банката и работењето, ќе си земам за право да коментирам, бидејќи ги познавам, е оставена на тотално неквалификувани, незаинтересирани, lowlife wannabes кои по разноразни ( читај, партиско, бизнис-фамилијарни донамби ) случајно залетале на раководни места во банката и ова е резултатот на нивните организациски способности.

Луѓето можат се да ви одземат, но не и (не)квалитетот. Тој секогаш ќе избие на површина. Па уште некои од овие „организатори“ и „манаѓери“ им земаат интервјуа некои бледи плагијаторски партал-порталчиња на скопски мајонезчиња. Овие неспособњаци уште ги величаат на овие организаториве. Резултатот е евидентен, и од едниве и од другиве.

Само ми е жал, за луѓето, кои од традиционалното охридско локал-патриотсво сеуште ја користат оваа руина, која не е ни бледа сенка од некогашната банкарска машинерија. Жал ми е, на кое ниво се донесе овој гигант, во кој поминав одлични мигови и научив многу. Жално и страшно…

 

Наум Димитровски