Германската економија забележа пад од 1,7 проценти во првиот квартал од оваа година, што е повеќе од очекуваното.

Имено, заклучувањето, lockdown-от, кое е во сила од ноември со цел да се потисне коронавирусот, ја попречува приватната потрошувачка во најголемата европска економија.

„Кризата со вирусот на корона предизвика уште еден пад на економските перформанси на почетокот на 2021 година“, соопшти германското биро за статистика, како што објави Ројтерс.

Таквата состојба, како што се додава во соопштението, негативно се одрази на потрошувачката на домаќинствата, иако извозот на стоки обезбеди поддршка за економијата.

Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Ројтерс предвидоа квартален пад од 1,5 процент.

Германската економија порасна за 0,5 проценти во последните три месеци од минатата година, бидејќи силната побарувачка на германски производи од Кина и САД му помогна на производствениот сектор да ги неутрализира тешкотиите предизвикани од намалената приватна потрошувачка.